Психолозите докажаа дека со помош на овој едноставен трик ќе можете да заспиете во рок од пет минути.




Сите знаеме дека не треба да гледаме во екранот на телефонот еден час пред спиење поради емисијата на сина светлина. Сепак, излегува дека има нешто што можете да направите за да заспиете што е можно поскоро.




Сè што треба да направите е да напишете листа на работи што планирате да ги направите следниот ден. Ова ќе ви помогне да го „одморите“ мозокот и да се смирите, пренесува Independent.




Една од главните причини зошто лежиме будни ноќе е тоа што се грижиме за работите кои доаѓаат.




“Живееме во модерно време каде што постојано сме под стрес. Сакавме да видиме дали запишувањето на обврските ќе помогне да се решат проблемите со спиењето”, вели психологот Мајкл К. Скалин.




Овој метод испадна да работи. Истражувањето е објавено во Journal of Experimental Psychology. Утврдено е и дека колку поконкретни работи наведете, толку побрзо ќе заспиете.




„Класичното пишување за иднината води до зголемена загриженост, но составувањето листа го прави токму спротивното“, додаде Скалин.
