По 77 години брак решил да стави крај на заедничкиот живот.

Иако разводите се почести кај помладите, дедото решил да се разведе од својата три години помлада сопруга на 99 години, бидејќи нашол докази дека таа го изневерувала пред 60 години.

Пронашол љубовни писма во фиока што неговата сопруга му ги напишала на својот љубовник во тоа време. Тој решил да ја соочи со доказите, а таа му ја признала аферата. Го молела да не се разведува, бидејќи заедно се речиси 80 години.

Иако е свесен дека тоа било одамна, не можел да го преболи неверството на сопругата, па решил да започне развод. Сè уште легално брачниот пар има пет деца, 12 внуци и едно правнуче.

Наводно, се запознале во 1930 година додека тој служел како дел од италијанските карабинери – вооружените сили во Неапол, од каде што е таа.

Кога нивниот брак ќе заврши, тие ќе станат најстариот разведен пар.

Што мислите вие дали дедото постапил ИСПРАВНО ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!