




Новак Ѓоковиќ патува со приватен авион кога треба. Најдобриот тенисер на светот се уште нема сопствен приватен авион, но го изнајмува кога му треба за одредени патувања.




Новак Ѓоковиќ патува со приватен авион кога треба. Најдобриот тенисер на светот се уште нема сопствен приватен авион, но го изнајмува кога му треба за одредени патувања.




Новак изнајмил и приватен авион за време на Јадранската турнеја , додека ги земал колегите Доминик Тием и Александар Зверев, а со семејството одлетал во Задар, каде се одржувал вториот дел од Јадранската турнеја, кој подоцна бил прекинат поради ширењето на корона вирусот.




Како изгледа внатрешноста на приватниот авион со кој патува Новак Ѓоковиќ , објави неговиот колега од репрезентацијата Душан Лајовиќ.




На својот Инстаграм, како што пренесува Телеграф, објавил неколку хумористични „приказни“ со слики од Новак, Троицки и Лајовиќ за време на едно од патувањата.

Имаше и неколку интересни кадри, како импровизираниот кревет за спиење на Виктор, а сето тоа можете да го видите во нашата фотогалерија.

