Оваа маска ја обновува структурата на коренот на косата и го спречува опаѓањето на косата, а за да ја направите потребна ви е само една намирница.

Проблемот со опаѓање на косата и слабиот корен на косата не е ретка појава, а производите кои постојат на пазарот ретко некому му помагаат. Но, како и за се друго, природата го нуди најдоброто решение и за овој проблем!

Руската докторка Татјана Викторовна Коновалова открила рецепт за едноставна маска за зајакнување на коренот на косата.

Оваа маска ја регенерира структурата на коренот на косата и го запира опаѓањето на косата, а за да ја направите потребна ви е само една храна – моркови!

Како одличен извор на витамин бета каротен и витамин А, морковот не само што дава добар вид, туку влијае и на здравјето на скалпот, кој е неопходен за здрава коса.

Хранливите материи што ги содржи морковот може да го подобрат здравјето на косата, ноктите и кожата. Покрај тоа, морковите помагаат во детоксикација на целото тело, па дури и на скалпот – и создавање на нови клетки.

Подготовката е исто така многу едноставна:

Ситно исецкајте неколку свежи моркови и втријте ги во коренот на косата.

Оставете да делува најмалку 15 минути, а потоа добро исплакнете на вообичаен начин.

На почетокот секогаш нанесувајте ја маската пред да ја измиете косата најмалку 5 пати по ред.

Кога косата ќе ви зајакне, доволно е еднаш месечно да нанесувате рендан морков, а првите резултати ќе се видат по неколку третмани!