Откријте ги неверојатните здравствени придобивки од семките од тиква и зошто треба да ги јадете наместо сите други „грицки“.
Одлични се за физичкото, како и за менталното здравје! Семките од тиква се користат за медицински цели илјадници години. Тие се богат извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.
Тие се одличен избор за ужинка бидејќи се богати со омега 3 масни киселини кои му се потребни на телото за да го одржува здравјето на срцето и да го регулира крвниот притисок.




Студија спроведена од шпански научници покажа дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против клетките на ракот.
Друго истражување, овојпат од германски научници, потврди дека жените кои поминале во менопауза и јадат семки од тиква секој ден, имаат 23% помал ризик да развијат рак на дојка. Семките од сончоглед се покажаа подеднакво ефикасни.




Добро за здравјето на простатата
Маслото од семки од тиква се користи за лекување на зголемена простата (хиперплазија). Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободните радикали во телото и спречуваат формирање на канцерогени клетки.




Ги ублажуваат симптомите на менопауза
Ако барате природен начин да го подобрите расположението или да ги ублажите симптомите на менопауза, семките од тиква се одличен избор. Ги регулираат топли бранови, главоболки, ја намалуваат болката во зглобовите и ја намалуваат фреквенцијата на ненадејни промени во расположението.




Научниците докажаа дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добар (HDL) холестерол и го регулираат крвниот притисок.
Го намалуваат холестеролот




Истражувањата покажаа дека семките од тиква може да го намалат лошиот холестерол за 13 проценти и нивото на вкупниот холестерол за 10%.
Исто така, ќе го намали ризикот од згрутчување на крвта, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и срцев удар.
Заштитува од дијабетес




Семките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини. Откриено е дека тие се ефикасни во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на телото на инсулин.
Бројни експерти препорачуваат семки од тиква на дијабетичарите како храна за секојдневна потрошувачка.
Добро за слабеење




Тие се богат извор на растителни влакна и протеини, супстанции кои се клучни за слабеење. Само 30 g семки од тиква има околу 5 g протеини, што ќе ве држи сити подолго.
Сепак, конзумирајте ги умерено бидејќи чаша семе содржи околу 285 калории.
Го подобруваат расположението




Одлични се за физичкото, како и за менталното здравје. Научниците открија дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија.
Одлични се за намалување на стресот и вознемиреноста.




Го ублажуваат артритисот
Научниците открија дека семките од тиква имаат антиинфламаторно дејство кое ги ублажува симптомите на артритис.
Ако страдате од артритис, јадете околу 30 гр семки од тиква секој ден за да ги ублажите симптомите на артритис, пишува Атма.
Спречуваат остеопороза




Луѓето на кои им недостасува цинк во нивното тело треба да размислат да почнат да грицкаат за семки од тиква. Тие се одличен извор на цинк, минерал потребен за изградба на коски, пренесува Аура
Само една четвртина чаша семки од тиква содржи дури 17 проценти од препорачаната дневна вредност на цинк.
