Тој пред една недела бил пуштен од одделението за интензивна нега, но се уште има проблеми со дишењето. Лекарите му рекле дека е многу блиску до ставање на респиратор. „Можеше да заврши многу полошо.

Среќен сум што сум жив“, рече Самс, кој не бил вакциниран против коронавирусот, исто како и многу пациенти во единицата за интензивна нега во болницата во Онтарио.

Семс вели дека не се вакцинирал поради се` што му кажале неговата ќерка и колешката за несаканите ефекти. Сега, откако едвај се спасил, има порака за сите што се плашат од вакцини.

„Дефинитивно земете ја вакцината. Не плашете се. Се плашев од вакцината. Сите тие стравови за вакцината… Не плашете се затоа што не знаете што ќе се случи што и да одлучите. Сакаш да завршиш на респиратор, можеш да платиш со живот“, рече Самс во интервју за CBC.