Српската пејачка, Теа Таировиќ била уапсена, но набрзо ослободена на аеродромот во Германија, објавија српските медиуми.

Според „Телеграф“, Таировиќ била уапсена од финансиската инспекција на аеродромот во Германија

Пејачката е ослободена по неколкучасовно испрашување, што за медиумите го потврди и нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ.

– Така е, ја пуштија. Ја приведоа затоа што пречекорила три дена во Шенген зоната. Нејзиниот пасош е многу полн бидејќи многу патува и работи, поради што процедурата трае подолго. Пред две недели дојде до пропуст, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е во ред – изјави менаџерот.

Ова е едната верзија додека другата е дека таа носела со себе повеќе пари од дозвелоното, но оставаме тоа да го решат надлежните органи.

Сега во целосост ви ја пренесуваме изјавата што Теа ја даде на својот Инстаграм профил:

Ги известувам сите кои ме сакаат, слушаат, поддржуваат, следат, дека медиумите на основа на недоверливи извори се служат со потполно погрешни термини кога станува збор за мојата денешна мала непријатност.

Јас не сум нити во затвор, ни приведена, ниту лишена од слобода во било кој момент. Секој новинар одделно ќе биде тужен поради лажно претставување на денешната ситуација т.е. со повторно валкање на моето име (како година време да беше малку).

Минатите години ви простував, но оваа нема. И да.. ситуацијата на аеродромот е потполно безо пасна и може да му се случи на секој.