„Јас сум формирана личност, не може некој сега да ме менува“!

Веста дека пејачката Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ставиле точка на нивната врска долга повеќе од година дена, ја разбуди јавноста, а двајцата порачаа дека тие остануваат добри пријатели.

Цеца пред неколку недели отворено ја коментирала нивната врска…

Тешко дека мене нешто сега може да ме смени, јас сум формирана личност, па така и тој. Нашата врска се базира на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не се може, не постои едносмерна улица.

Зрела сум, стабилна личност, тој е исто таков човек и нас не ни е тешко да функционираме. Тој одлично знае со кого е во врска, исто така јас знам што сака тој, а тоа ми се допаѓа и многу ми е убаво. Мирна сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – рекла Цеца за „Пинк“.