Слободан Катаниќ Барбика привлече големо внимание на јавноста со аудицијата за емисијата „Ѕвезде Гранда“ во 2003 година, тој секогаш се чувствувал како жена, но иако многу сакал, никогаш не направил операција на гениталиите.

По таа аудиција тој исчезна од јавноста, но потоа го смени името и во 2010 година повторно се појави на истоимената аудиција под името Сања.

– Решив да одам на пластична операција за да станам вистинска жена, да се омажам и да создадам семејство – изјави еднаш Сања Катаниќ за домашните медиуми.

Таа немала поддршка од родителите. Како што вели, нејзината мајка не се жалела толку многу, додека со татко и било потешко.

Според пишувањата на медиумите, Слободан, односно Сања тврдела дека има и матка, а од својата петнаесетта година има редовен циклус.

И покрај сето тоа го отслужила и воениот рок, додека најтешко и било заедничкото туширање со оглед на тоа што отсекогаш се чувствувала како девојче, па како што изјавила и било непријатно.

Сања денеска живее во Чачак, а кафеавата коса ја обои во сина боја, пренесува блиц