Грешки се случуваат, но дали вакво нешто е реално?




Иако често на фотографиите за лични документи испаѓаме како да не сме ние, оваа млада жена не можела ни да сонува што ќе и се случи откако радосна заминала да се фотографира за возачка дозвола.
Имено, Џејд Дод заминала да ја продолжи својата возачка дозвола, но кога истата и пристигнала на домашна адреса, не можела да поверува што гледа на сликата.




Наместо нејзината фотографија, стоела само празна столица. Отидов во полиција и им покажав каква возачка дозвола добив.
Жената на шалтерот се збуни и рече дека мора да поразговара со својот шеф. Очигледно дека оваа ситуација не се случува често – изјавила Џејд за Сиенен.

