Старата мелница за кафе е предмет кој се користел во многу домаќинства од поранешна Југославија, постарите со носталгија се сеќаваат на неа, а помладите не знаат за што служи.




И денес постарите генерации паметат некои предмети и работи кои ги поврзуваат со Југославија и времето кога безгрижно пиеле кафе со соседите.




Еден корисник на Твитер неодамна објави интересна фотографија со натпис:
„Дали знаете за што е ова?




Додека припадниците на поновите, односно помладите генерации со чудење гледале на необичната направа обидувајќи се да откријат за што се работи, постарите со носталгија ја коментирале фотографијата.




„За жал, дали знам? Колку пати мелев кафе во ова како дете. Убави спомени“, напиша еден корисник на Твитер.
„И јас го имам, стар е колку што сум јас“, додаде друг.




„За озборување. Две комшики седнуваат, разговараат за тоа и озборуваат“, додаваат тие.
Се разбира, зборуваме за стара, рачна мелница за кафе што ја имаше речиси секоја куќа во Југославија.

