Симптомите на срцев удар една недела пред срцев удар може да бидат погрешни – ниту еден од нив не е болка во градите!

Можеби мислите дека ненадејната болка во градите е првиот симптом на срцев удар, или показател дека нешто не е во ред со срцето.

Но, една студија спроведена на пациенти од Канада, Швајцарија и САД откри дека четири симптоми биле многу почести околу седум дена пред срцевиот удар.

Студијата опфати повеќе од илјада пациенти кои имаа помалку од 55 години, и тие доживеаја епизода на проблеми со срцето помеѓу 2009 и 2013 година. Околу две третини од пациентите биле мажи.

Симптомите на проблеми со срцето беа различни. Повеќето пациенти пријавиле барем еден неочекуван предупредувачки знак, една недела пред да доживеат проблем со акутен коронарен синдром.

Овој термин се користи за да се опише цела низа нарушувања и проблеми предизвикани од нагло намалување на протокот на крв во срцето, а меѓу нив е и срцев удар.

Најчестите симптоми беа невообичаен замор и исцрпеност, проблеми со спиењето и слабост или чувство на непријатност во раката.

85% од жените имале симптоми, но малку помалку мажи – 72%. Само една четвртина од испитаниците изјавиле дека чувствуваат болка во градите. Студијата покажа уште една интересна работа, а тоа е дека мнозинството жени веднаш побарале помош од лекар, додека значително помал процент од мажите одлучиле да го сторат тоа.