Златан Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 42 години, па се поставува прашањето дали наскоро ќе се збогува со дресот на Милан или од професионалниот спорт. Ги исполни сите услови за пензија и заработи доволно за во иднина.




Фудбалски ас, кој има балканско потекло, настапува за познатиот италијански клуб, има многу енергија, а друштво му прават најверните фанови – партнерката Хелена Сегер и синовите Максимилијан и Винсент.




Златан нормално дека приватниот живот го држи подалеку од љубопитните очи на јавноста, па ретко ги открива деталите од бракот со поранешната шведска манекенка Хелена Сегер, која е 11 години постара.




Шеснаесетгодишниот Максимилијан ги има гените на татко му, па во едно видео покажа дека може да стане сериозен напаѓач. Ги облече копачките и многу стручно ја „маневрираше“ топката и постигна гол во стилот на Ибра.




Има руса коса, која ја наследил од мајка му, исто како и неговиот помал брат Винсент. Овие момчиња не пропуштаат ниту еден натпревар на Милан, особено кога се игра дома.




Некогаш по мечот налетуваат на прегратките на татко им во црвено-црни дресови.

Дали ќе тргне по стапките на својот татко или ќе се посвети на друга сфера од животот, ќе треба да дознаеме во блиска иднина.

