Премиерката Ана Брнабиќ поради природата на нејзината позиција е многу често во медиумите, а досега можевме да ги видиме нејзините бројни комбинации.

На официјалните состаноци најчесто носи костуми кои ги комбинира со разни кошули, а за некои неформални прилики сака да комбинира панталони и здолништа.

Но, што и да облече Ана, еден моден детаљ е секогаш во преден план, а тоа се кратките чорапи со оригинални дезени или впечатливи, светли бои.

Ана за средбата со рускиот амбасадор носеше темен костум, бела кошула и карирани чорапи.

„Денеска добив честитка по повод Денот на државноста на Република Србија, која во име на премиерот на Руската Федерација ми ја врачи амбасадорот на Руската Федерација во Белград, Александар Бочан Харченко. објави премиерот со слика направена во зградата на Владата на Србија.