Поради огромното невреме кое попладнево го зафати Тетово, со дожд и град, противпожарната служба на градот преку ЦУК, бара од ЕВН струјата во целиот град да се исклучи поради опасност од стујни удари.

Дел од медиумите пренесуваат дека ЕВН прифатило да ја исклучува струјата улица по улица. Повеќе од 100 подруми и куќи се под вода, а сите екипи на тетовската противпожарна единица се на терен. Извлекувале луѓе и поплавени возила.

Тетовската ТППЕ апелира сите кои планираат да се упатат кон Тетово да го одложат своето патување поради големите поплави на приодите и влезот кон градот.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека невремето траело 40 минути а огромните количества вода поплавиле дворови, подруми, објекти. Направени се штети на земјоделските и градинарските култури. Оштетени се кровови, натстрешници, возила и канделабри.

На 112 има повеќе од 200 пријави на штети.