Постојано читаме најразлични животни приказни на жените ширум светот кои лавовски се борат со секакви работи на работното место, потоа доаѓаат дома и ја играат својата втора улога на домаќинка, мајка и сопруга.
Многумина мислат дека е лесно да се среди домот и да се чуваат децата, бидејќи тоа едноставно и е улогата на жената, но ретко кој маж знае да го цени трудот на својата сопруга и на крајот на денот да и рече барем едно „благодарам“!
Сопругот на една популарна американска блогерка седнал зад нејзиниот компјутер и решил да им порача нешто важно на нејзините следбеници.
Објавата преку ноќ станала вирална, а еве што напишал тој во неа:
“На почетокот бев горд на себе – ги успав двете деца и една возрасна личност и во 19:30 часот бев слободен. Додека се шетав низ собата, започнав да планирам како ќе го поминам остатокот од вечерта… Веќе се видов себеси како јадам Нутела директно од теглата додека ја гледам омилената серија, а потоа се свртев, ја видов мојата сопруга и ќерката и вистината ме погоди како цигла.
И двете се настинати, затнати и апсолутно исцрпени по трите непроспиени ноќи. Се почувствував како кретен како воопшто можев да помислам да планирам “време за себе” откако мојата сопруга и покрај тоа што е настината, најпрвин се грижи за мене, децата и домот, а притоа не се ни жали. Верувале или не, кога се вратив дома од работа, ме дочека домашен ручек, чиста куќа и испрани алишта. Некако мојата жена успева сè, како да има дополнителни 4 часа кои ние смр*ниците очигледно ги немаме.
Како просечен маж, мислам дека никогаш нема да ја спознаам сета количина на исцрпеност со која се соочува секоја мајка. Додека вечерва ја заспивав Клои, мојата сопруга Адел ми кажа дека малку ќе прилегне пред да отиде да ја исчисти кујната и да ми направи ручек за утре.
Нејзината последна мисла пред да заспие сигурно била: “Морам да ја исчистам кујната и да направам ручек”, додека мојата беше “Сега ќе одам да јадам грицки и да гледам телевизија””, напишал сопругот на Фејсбук.
