Саша и Анѓела Матиќ оваа година слават многу важна годишнина, дваесет години среќен и убав брак.




Еден од нашите најпопуларни пејачи ја запознал својата сопруга на почетокот на кариерата, пред да стане познат.




‒ Заеднички пријател ја „спонзорираше“ нашата средба. Не запозна по свирка и од тој ден не се разделивме – изјави претходно Саша.




Тој ја воодушевил својата сопруга пеејќи и ги песните на Кемал Монтењ, кои таа најмногу ги сакала, а не му требало долго време да ја запроси.




‒ Во моментот кога ќе сфатите дека покрај себе имате пријател и некој на кој можете да се потпрете, некој кој ќе ве поддржи во вашите цели, тогаш знаете дека потрагата е завршена и дека ја имате вистинската личност покрај себе, за остатокот од твојот живот.




И покрај големата популарност на Саша, тие водат нормален живот, далеку од очите на јавноста. Сакаат да патуваат, да се дружат со другарките, а пред се многу внимание посветуваат на ќерките Александра и Тара.




‒ Бракот го негуваме со љубов, бидејќи семејството за мене е најсвето. Отсекогаш сум бил на мислење дека секоја врска мора да се негува за да биде успешна. Времето со жена ми е време кога одиме во наш свет полн со внимание, разбирање и љубов.

Сè уште се обидувам да ја освојам, како кога почна се, и успева толку лесно што секој ден повторно се заљубувам во неа како да е прв пат. И така, продолжуваме со години и верувам вака ќе биде до крајот на мојот живот – изјави пејачот кој ги испеа едни од најубавите и најтажните песни, но во приватниот живот знае само радост и среќа.

