Жена од Србија (76), која од синоќа се водеше како исчезната кај Солун, утринава нешто по 8 часот е пронајдена мртва во морскиот дел на плажата Агиа Тријада, јавува Прототема.

Во потрагата, покрај припадниците на Обалската стража, бил вклучен и хеликоптер.

Според извештаите на грчките медиуми, жената влегла да плива заедно со двајца пријатели, а нејзиното исчезнување било пријавено во 21:30 часот по локално време.

На местото на настанот лекарите констатирале смрт.