Србија ќе инвестира колку што е потребно во започнувањето на домашното производство на руската вакцина Спутник V до крајот на годината, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Претседателот за британската агенција Ројтерс изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и тој го направиле првичниот договор за започнување на постапката за производство, што тој го опиша како „комплициран и тежок“.

Група руски експерти треба да ја посетат Србија следната недела за да разговараат за производството на вакцината Спутник В до крајот на годината.

Ќе се почне до крајот на годината, но сепак ова е тежок процес кој што бара процедура и време. – изјавија од Москва.