Постојано се зголемува бројот на хоспитализирани деца поради салмонела.

 

Шарлот Вингфилд објави фотографија од нејзината тригодишна ќерка за која тврди дека се заразила со салмонела откако изела чоколадо од познат бренд. Мајката вели дека нејзиното мало девојче се отруло откако ја изело оваа бонбона, а температурата наеднаш и скокнала на 39 степени, пренесува Yumama.mondo.rs.

Мојата ќерка никогаш во животот не изгледала толку лошо како кога во понеделникот ја земав од градинка. Таа заспала во 21 часот и едвај се будела во следните 24 часа. Таа постојано дремеше. Нејзината температура се зголеми и знаев дека нешто не е во ред. Се сомневав на стомачен вирус, па докторката ми рече да се сетам што јадела претходните три дена. Потврдено е дека се заразила со салмонела откако во неделата јадела чоколадо од познат бренд – напишала загрижената мајка на својот Фејсбук профил.

– Беше толку безживотна, срцето ми се скрши кога видов како моето нормално активно девојче воопшто не е таа самата – додаде таа.

Мајката потоа открила како се чувствувала нејзината ќерка во следните 24 часа.

– Мислевме дека вчера полека се опоравува, па ја однесовме кај баба и и дедо и на ручек. И кога се вративме дома, сè почна повторно. Таа имаше огромни болки, па повторно завршивме во болница – откри Шарлот.

Белгиската агенција за безбедност на храната ја суспендираше фабричката лиценца на италијанската фабрика додека не ги исполни сите барања за безбедност на храната. Тие наредиле да се повлечат од продажба сите детски производи кои се произведуваат во оваа фабрика.

Европската агенција за безбедност на храна минатата среда соопшти дека истражува можната врска помеѓу 134 случаи на салмонела во најмалку девет европски земји и употребата на чоколадни производи.

– Честите случаи на салмонела се карактеризираат со невообичаено голем број хоспитализирани деца. Некои од нив имаат и тешки симптоми, како што е крвава дијареа – велат тие.