На Меѓународниот ден на младите политичарите со честитики и пораки за охрабрување, а младите се помалку ги има. Неофицијалните статистики на малдинските организации и здруженија покажуваат дека изминатите години земајава ја напуштиле околу 77 000 млади луѓе.

Дел од статиските покажуваат дека се намалува младото работоспособно население. ТВ 24 направи споредба на борјот на лица според возрасни групи. Податоците од последниот попис го покажуваат дека во Македонија има 210 588 млади на возраст од 15 до 24 години што е за 28 400 помалку во однос на лицата на возраст од 60 до 69 години.

Возраст Број на евидентирани

15-24 години 210 588

60-69 години 238 982

извор: Завод за статистика

Статистиката според бројките дава охрабрувачки показатели, се намалува младинската невработеност. Лани биле регистрирани нешто повеќе од 19 илајди невработени на возраст од 15 до 24 години. Но, статистичарите велат дека намалување на борјот на невработени малди лица не е поради нивно вработување, туку влијание има и факторот иселување.

Број на невработени од 15-24 години

2019 28 881

2020 27 042

2021 22 344

2022 19 356

извор: Завод за статистика

На Меѓународнит ден на младите, студентите со старо нови барања и пораки до власта, а со цел подобрување на студентскиот, младинскиот стандард. Не се согласуваат со новото решение на МОН според кое студентите ќе можат да ги користат парите за субвенционираниот оброк, само преку електронска картичка преку една една банка и само во одредени угостителски објекти околу УКИМ.

Од МОН информираа дека по завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени преку порталот каде што ја поднеле својата апликација. Целта на субвенционираниот оброк беше едно од решенијата кое според власта треба да го подобри студентскиот стандард. Токму студентите се една од категориите на млади лууѓе кои уште за време на студиите бараат начин да ја напушат земјата, заминувајќи најчесто во земјите од ЕУ.