Станува збор за одредени вештачки мириси кои не се дозволени во Америка и Европската Унија

Во производството на облека во светот се користат околу 8.000 различни синтетички материјали, а многу од нив не се тестирани или се безбедни за човечкото тело. Токму затоа ваквите материјали можат да му наштетат на нашето тело.

Дали некогаш сте почувствувале чуден и силен мирис на облека во кинеска продавница? Тој мирис воопшто не е здрав и е многу опасен за човечкиот организам, бидејќи содржи многу хемикалии кои не се добри за нас.

Станува збор за одредени вештачки мириси кои не се дозволени во Америка и Европската Унија, но во азиските земји приказната е поинаква, а причината е малата контрола на производството во тие земји.

Се разбира, поголемиот дел од облеката на нашите простори доаѓа од Кина. Покрај бројните хемиски супстанци, забележана е и концентрација на различни пестициди.