Шумските пожари предизвикани од рекордно високите температури кои беснеат во Шпанија повеќе од еден месец, последниве неколку дена им се закануваат на жителите на регионот Кастиља и Леон и покрај максималните напори на пожарникарите.




На социјалните мрежи се шират предупредувања, апели и важни информации поврзани со евакуацијата на граѓаните, но и страшни видеа од огнената стихија, но сепак, имаше едно видео кое го обиколи целиот свет.




На него може да се забележат пожарникари кои му помагаат на човекот кој бегаше од пожарот на пауза од гаснењето на пожарот. Инаку, плашливото животно било толку жедно што им дозволило на овие добри луѓе да му дадат вода од шише, а пожарникарите освен за напорите во гаснењето на пожарот, веднаш биле пофалени и за односот кон животното.




„Ова е убаво“, „Браво херои“, „Благодарам добри луѓе“, се само дел од коментарите кои постојано доаѓаат, а набрзо беше откриено што се случило со несреќното животно.




Ветеринарите се грижеа за него, тој е во добри раце и сега треба да одмори. Службата за заштита на животната средина ќе биде задолжена за неговото закрепнување“, се вели на страницата на Твитер со известувања за шумски пожари во регионот на Кастилја и Леон.




Пожарот во Замора е еден од најголемите во земјата во последните години и е резултат на тропскиот бран што ја зафати Европа, но и сушата.
En el #IFLosacio no todo van a ser malas noticias. Damos gracias a esta cuadrilla de Zulú 2 y a los #AAMM porque han hecho todo lo posible para estabilizar a este corzo deshidratado. Ahora mismo se dirige al CRAS para su total recuperación. VALÉIS ORO!! 💪🏼https://t.co/lRdIWVrAhe pic.twitter.com/fUjfkO2Xhs
— Incendios Forestales Castilla y León (@INFOCYL) July 21, 2022
