Љубителите на животните се целосно воодушевени од сцената што некој ја снимил во Крњача, населба во Белград, а која стана вирална на социјалните мрежи.

„Соседот му избуши дупка на терасата за својот миленик, за да му направи своја тераса, комплетна со настрешница“, стои во описот на слаткото видео.

На видеото се гледа како мало куче ужива во својата мала тераса, која очигледно настанала со отворање дупка на поголемата. Инаку, терасата има висока ограда, па кучето веројатно не можело да ужива во глетката пред тоа.

Погледнете го видеото ТУКА!