Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во петокот вечерта го погоди планинскиот венец Висок Атлас во Мароко.
По најсмртоносниот земјотрес во историјата на Мароко, социјалните мрежи се преплавени со слики кои го покажуваат ужасот на трагедијата што ја доживува земјата.
На едно од потресните видеа кои кружат на платформата „Х“, се слуша гласот на татко со скршено срце како ги бара своите деца меѓу урнатините, додека на друго видео се гледа како дете заглавено под урнатините, не може да излезе, пренесува Sky News Arabia.
За потсетување, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во петокот вечерта го погоди планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.
Како резултат на земјотресот, повеќе од 1.000 луѓе загинаа, а повеќе од 600 беа повредени./Извор Фактор
مشهد مؤلم لأب مغربي يبحث عن اولاده💔 تحت الانقاذ في #مراكش #زلزال_المغرب pic.twitter.com/fS5n3x8kbr
— عمر مدنيه (@Omar_Madaniah) September 9, 2023
Фото: EPA-EFE/JALAL MORCHIDI
