Тајните за убавина што ги користат богатите и славните сега им се достапни на обичните смртници, под услов да имаат подебела банкарска сметка, се разбира.

Елизабет Гибо, нутриционист и хомеопат во лондонската клиника Хали, може да ви каже од што страдате, што ви недостасува и што имате премногу во вашето тело, само со поглед на вашето лице. Кај неа на советување редовно доаѓаат Никол Кидман, Кајл Миног, Хали Бери…

На нашето лице има универзални знаци, кои предупредуваат дека нешто не е во ред со вас – вели Гибо. Таа даде и објаснувања:
Ако имате зголемени пори на лицето, во телото се акумулира премногу киселина и неопходно е да се промени начинот на исхрана.

Доколку имате хоризонтални линии на челото, голема е веројатноста црниот дроб да не работи како што треба, а отечените и подуени очи се сигнал дека варењето, поточно дебелото црево, не работи.

Мозолчињата околу брадата, надвор од ПМС, се знак за проблеми со репродуктивните органи и/или хормоните, а отечената вилица укажува на проблеми со бубрезите. Ако, пак, вашата кожа неодамна добила поинаква нијанса, на пр. потемно е од вообичаено, тоа е сигурен знак дека сте под голем стрес, но и дека ви недостасуваат минерали и витамини.

Сето тоа лесно можете да го промените со земање замени и поголеми количини здрава храна.

Статиите на НАШИОТ ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање за БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!