Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот во неделата го прослави својот 100. роденден.

Нејзините најблиски ја изненадиле со торта и желби за уште заеднички моменти. Нејзините блиски, внуците од синот, Сузе Велјанова и Тоше Митревски, рекла за МИА дека била родена 1921 година во Мала Преспа, а целиот свој живот го поминала во кавадаречко Сопот.

– Подвижна е и си го знае умот. Пред околу 25 години почина дедо ни. Таа живее со нашите родители. Откако ја паметиме, секое утро ѝ почнува со какао. Без разлика кое годишно време е, две печени јаболки ѝ се омилена ужина. За ручек често јаде супа и манџа, домати и пиперки, што и да е, многу ретко месо – откриле тие.

Цигари никогаш не пушела, а не пиела ниту алкохол.

– Иако Тиквешко важи за регион на ракијата, таа ракија користи само кога ја заболува, на пример, раката, рамото или вратот, па да се измачка со неа, за да ѝ биде подобро.

Знае да каже месо не јадете премногу и не се нервирајте, тоа е нејзиниот рецепт за долговечност – рекле внуците кои баба Тодорка ги изгледала.