Бројни Македонци, но и Балканци, со години летуваат на грчкиот остров Крит, кој е една од најпопуларните туристички дестинации не само за нашиот народ, туку и ширум светот.
Сепак, се чини дека Критјаните малку ги покачија цените оваа година, а доказ за тоа се бројните коментари на социјалните мрежи, каде е објавен ценовникот на еден од локалните ресторани.
„Осум евра за пиво, па дали си нормален“, „Тоа е, си останувам дома“, „И Грците полудеа“, се само некои од нив.
Така, цените на пивото се движат од 3,5 до 8 евра, додека цените на пиците се нешто понормални, слични на оние во еден наш ресторан – од 10 до 12 евра.
Сувлаките ја задржуваат стандардната цена – 11,5 евра, додека најголемо внимание привлече големата порција мешано месо, која чини ни помалку ни повеќе од – 44 евра.
Подобро би било во таа порција да има многу месо.

