Неверојатна несреќа што, за жал, ќе се памети цел живот.




Младенците Juлули Бен и Пол Рихтер од Филаделфија нема да ја паметат својата венчавка засекогаш. Отпрвин, нивната венчавка беше одложена поради коронавирусот, а кога конечно се венчаа на 3 јули, на прославата им се случи невиден несреќен случај.
Имено, во тој момент, среќната двојка го одигра првиот танц но во тој момент, невестата ја повреди ногата, по што не можеше да се помрдне.




Во моментот кога Пол ја држел за рака Juлули, која била во полулежечка положба, и се обидел да ја бакне, таа го измести коленото, испушти болен крик и повика на помош.
Гостите беа изненадени, а невестата го напушти подиумот, куцајќи и со болна гримаса. Juлули била бргу пренесена во болница, каде лекарите утврдиле дека нејзиното колено е изместено.




Таа подоцна ја објасни целата агонија од болницата до списанието „Пипл“.
– Лекарот го зеде моето колено во раката, за да го намести. Никогаш во животот не чувствував таква болка. Бидејќи ми се случи ова, ќе имам многу поголема почит кон спортистите кои доживуваат секакви повреди и играат повредени. Јас еднаш доживеав скршен прст како дете, но никогаш не го дислоцирав коленото. Ова е далеку полошо – изјави Juлули.




Нејзината сестра сподели фотографија од болницата каде Juлули сè уште беше во венчаница и во инвалидска количка, апелирајќи до младенците да не пробуваат акробатски танци на венчавката, за да не доживеат слична судбина.
