Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан. Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше самиот Герасим.
Тој долго поживеа, хранејќи се со непресушната божествена светлина, и се упокои во длабока старост во 475 година.
Тој бил роден во 385 година, во Британија. Бил најпрочуен светец во Ирска. Како бискуп со Божјите зборови им се обраќал на кралевите, а нивниот пристап на христијанството го следел народот. Свети Патрик во Ирска го вовел монаштвото. Ирските монаси одиграле голема улога во Европа. Патриковото проповедуваwе на евангелието доживеало успех. Умрел во 461 година.
Според верувањето, утре до овој голем и почитуван светител е упатена следнава молитва, која, како што велат, го менува животот на подобро на искрените православни верници:
„Како пустински жител и во телото Ангел и чудотворец се покажа како наш богоносен отец Герасим, со пост, бдение и молитви прими небесни дарови, исцелувајќи ги болестите на оние што доаѓаат кај тебе со верата.Слава на Оној Кој ти даде сила, Кој те прослави и Кој преку тебе им дава исцеление на сите.
Амин!”
