Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
Пробивање на студен фронт со заладување се очекува во ноќта меѓу среда и четврток , така што во четврток и петок во сите области ќе биде облачно и значително постудено, повремено со врнежи од дожд, на повисоките планини со снег, со засилен северозападен ветер.
Затоа, до средината на март се очекуваат чести температурни флуктуации, претежно за десет степени, што може неповолно да се одрази врз луѓето.
Снег во наредните денови ќе биде резервиран само за повисоките планински предели, додека снег и вистинско зимско заладување не очекува на пониските места.
