Од анализите на бројките и трендовите може да се забележи дека болеста го достигна пикот пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани, се на ниво на едно плато и тоа ни укажува дека R0 факторот на преносливот е 1, истакна Венко Филипче на денешната прес конференција.
Според него засега нема потреба од дополнителни мерки и воведување на полициски час затоа што досегашните мерки веќе даваат резултати, и поради ладното време како и затворените угостителски објекти нема движење после овој период, а секако забрането е и групирањето во текот на ноќта.
-Засега нема прекин на системот „Мој термин“ и не се одложуваат интервенции. Има слободни кревети за заболени од оваа болест, но и за сите останати третмани. Матичните лекари лекуваат според клиничката слика бидејќи нема специфична терапија.
Матичните лекари имаат насоки за лекување, препишуваат терапии и ако се влоши состојбата се упатуваат на болничко лекување, вели Филипче.
Од анализите на бројките и трендовите може да се забележи дека болеста го достигна пикот пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани, се на ниво на едно плато и тоа ни укажува дека R0 факторот на преносливот е 1. Позитивно е што бројот на активни случаи се стабилизира, нешто што исто така се регистрира и во Европа, истакна денеска на прес-конференција Венко Филипче.
Тој апелираше граѓаните да разберат дека во оваа состојба вирусот сигурно ќе опстане и практично е многу широко распространет.
– За секој еден од нас е ризик, мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагол пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок кон болниците како што беше пред неколку недели. Тој притисок се уште постои, но не со таков интензитет, потенцира Филипче. Исто така посочи дека позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините.
– Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Очекуваме ковакс системот да профункционира кога ќе почне да ги даваат. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Тоа е одлична вест која следната година веројатно ќе ја смени целокупната слика за панде*ијата во светот и во таа насока ќе може да очекуваме и стабилизација, додаде Филипче.
