




Ковачевски беше дел од лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата, каде како што соопштија до Владата, премиерот ги истакнал позициите, моменталната состојба во Северна Македонија како и очекувањата и неопходноста од соработка за надминување на енергетската криза.




„Беше истакнато дека регионот на Западен Балкан е еден од најпогодените, затоа што производството на електрична енергија е базирано на лигнит и тоа од многу стари термоелектрани на јаглен, кои во дадениот контекст се неефикасни“, се наведува во владиното соопштение.




Ковачевски во Прага имаше и неколку билатерални средби. На средбата со грчкиот премер, Киријакос Мицотакис уште еднаш била потенцирана важноста од соработката во енергетскиот сектор. И двајцата премиери со согласиле дека дека има голем потенцијал за соработка ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.




Во меѓу време поради набилданата агенда од еден состанок на друг Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја искористи паузата пиејќи кафе и објави заедничка фотографија со нашиот премиер Димитар Ковачески во опуштено издание како седат на скали.
Го пренесуваме неговиот пост!
Со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски баш како во студентските денови, додека чекаме следен состанок.

