Свадби може да се организираат, ама ноќни клубови кои се од затворен тип не може да работат?




Па ризикот не е ист, епидемиолози мои драги? Или свадбите ги гледате како приоритет, пошо мора да се вртат ора у сатенски миничи, натапирани ко француска пудла после грумунг, лакирана шпиц ципела и златАн ланАц, да се врти пајдушко до последен атом кондиција, да се јаде пирошка, похован кашкавал и смедеревка.




Нешто што е испод секој нормален човечки стандард и што е навреда за нормално човечко битие?




Еве мене и уште на еден куп граѓани поприоритетно ни е да идеме кај Zoki Panker у Балет да пиеме црнчиња, отколку да идеме на свадба. И сеа шо праиме?
