Глупавите луѓе се видливи од авиони, барем според Фројдовите стандарди

Зигмунд Фројд ни остави во аманет многу важна лекција, а таа се однесува на препознавање на глупави луѓе.

Тој нè упати до суштината со само една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рекол Фројд.

Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки – веднаш знаете со кого си имате работа.

Денес ви пренесуваме 10 цитати на Фројд што треба да ги знаете:

  1. Големината на вашиот идентитет се одредува според големината на проблемот што може да ве исфрли од колосек.
  2. Пред да си поставите дијагноза за депресија и ниска самодоверба, погрижете се да не сте опкружени со идиоти.
  3. Никогаш не сме толку ранливи како кога сакаме, и никогаш толку безнадежно несреќни кога ја губиме љубовта.
  4. Луѓето се поморални отколку што мислат и многу понеморални отколку што можат да замислат.
  5. Секој нормален човек, всушност, е само делумно нормален.
  6. Ако сте му простиле на маж за сè, тогаш завршивте со него, засекогаш.
  7. Човекот може да се брани од кој било човек, но останува беспомошен од пофалбите.
  8. Имаме тенденција да избегнуваме болка повеќе отколку да доживееме радост.
  9. Во моментот кога човекот почнува да се сомнева во својот живот и неговата вредност, тој се разболува.
  10. Големото прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ниту јас не успеав да одговорам, и покрај триесетгодишното истражување на женската психа, е: ШТО САКА ЖЕНАТА?!