Кога е во прашање животот на својот близок, роднините се подготвени да му помогнат на секаков начин. И покрај тоа што знаат дека болеста ковид 19 е заразна, сепак, ризикуваат и бараат дозвола да бидат во ковид центрите покрај пациентот за да му се најдат во секој момент.
Состојбата со пандемијата е критична, капацитети се полнат, а целиот товар е на медицинските работници, кои и така се уморни и во редуциран број, со оглед на тоа дека и тие не се имуни на болеста.
Семејство од Тетово, чиј член е хоспитализиран во болница сведочи дека се подготвени на ваков чекор за да помогнат.
Од Клиничката болница велат дека роднини влегувале во собите на болните да им донесат лекови или на посета, но притоа се преземале сите мерки за заштита. Тоа било на нивно барање, а не поради недостаток на персонал, но сепак потенцираат дека не е препорачливо.
