ИЗЛЕГАА ВИДЕО-СНИМКИ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Боки 13 му ја соблече маицата на Ритко за да „му дојде памет“ во врска со коцкањето
Во јавноста денеска се појави ново видео кое за кратко време стана вирално. Снимките, направени во центарот на Скопје, прикажуваат необична и драматична ситуација меѓу интернет-личноста Ритко и инфлуенсерот Бојан Јовановски – Боки 13, кој по подолга пауза повторно се активираше на YouTube со нов серијал видеа.
Во најновата епизода, Ритко пред камера открива дека се соочува со сериозни проблеми поврзани со коцкање, финансиски долгови и психички притисоци. Видно вознемирен, тој му раскажува на Боки 13 дека не може сам да се справи со ситуацијата.
Боки 13 реагира на неговата исповед и јавно го охрабрува да побара стручна помош и да не го игнорира проблемот. Како дел од видеото, тој инсистира Ритко веднаш да преземе чекори за да ја надмине зависноста.
Во еден момент, кој предизвика најголеми реакции и лавина коментари, Боки 13 му ја соблекува маицата на Ритко и го прошетува разголен со објаснување дека тоа е „симболично соочување“ со неговиот проблем. Настанот бил снимен од повеќе агли и предизвика шок кај минувачите.
Потоа, Ритко заминува на разговор со психолог, а делови од советувањето се вклучени во видеото, со цел — како што велат авторите — да се подигне свеста за важноста од навремено барање професионална помош.
Новото видео регистрира стотици илјади прегледи за само неколку часа и ја отвори темата за менталното здравје и зависностите повторно во фокус на јавната дебата.
Видеото можете да го погледнете подолу:
