Воздушната одбрана на Обединети Арапски Емирати успешно неутрализирала иранска балистичка ракета над познатата зона Dubai Marina, додека од безбедносни причини започнала евакуација на највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа.

Брзата и прецизна реакција на ОАЕ предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а снимки од пресретнувањето на ракетата над блескавите облакодери на Дубаи масовно се споделуваат на интернет.

Според извори, Иран лансирал балистички ракети кон речиси сите земји од Персискиот Залив, освен Оман, вклучително и директен напад врз база на американската Петта флота во Бахреин. Официјални претставници на САД предупредуваат дека иранските напади би можеле да траат со денови, па дури и недели, пренесува BBC.

Тензиите во регионот растат по американско-израелските напади врз Иран, а Обединетите Арапски Емирати потврдија дека нивните системи за воздушна одбрана веќе пресретнале повеќе проектили.

Жителите на Дубаи и Абу Даби пријавуваат експлозии и активност на противвоздушната одбрана, додека на улиците владее загриженост. Иако засега нема потврдени жртви во Дубаи, извештаите од Абу Даби говорат за една жртва од шрапнел.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА