Планот или идеата на Бил Гејтс да се формира глобален систем за предупредување за болести ги натера корисниците на социјалните мрежи да се запрашаат зошто овој милијардер кој не е од медицинската фела постојано прави такви планови и што се крие околу тие проекти?




Коосновачот на „Мајкрософт“ и третиот најбогат човек во светот на својот налог на Твитер во понеделникот се заложи за формирање нов систем за кој рече дека ќе помогне да се спречат идните пандемии.
Тоа би вклучувало огромни платформи за тестирање кои би можеле да тестираат 20 проценти од населението секоја недела, рече Гејтс во видеото во кое ги промовираше неговите планови. Тој додаде дека идните третмани, како што се моноклонални антитела и вакцини, ќе се развијат многу побрзо како одговор на ширењето на болеста во иднина.




Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија детален план во своето годишното писмо, кое беше објавено минатата среда, но видеото објавено на Твитер остави посилен впечаток. Видеото покажува како Гејтс се движи околу малите фигури, како да се шаховските фигури, на мапата на светот.




Фигурите претставуваат луѓе од различни раси, а Гејтс ги позиционираше на таков начин што „тие први ги забележуваат почетоците на ширењето на болестите, веднаш штом ќе се случат, на кое било место во светот“. Ако таканаречениот „глобален систем за предупредување“ идентификува нова инфекција, тимовите на оние кои први ќе реагираат, како еден вид на „пожарникари кои ја гаснат пандемија“, ќе бидат први на лице место за да ја запрат епидемијата, рече Гејтс, користејќи авиони, хеликоптери и мали фигурички со жолто заштитно одело за да ја илустрира својата поента.




Запирање на следната пандемија ќе бара големи инвестиции, но мислам дека ова е најдобрата полиса за осигурување што светот некогаш би можел да ја купи, рече Гејтс.
Планот на Гејтс наиде на различни реакции на социјалните мрежи, од одобрување до скептицизам и страв за мотивите зошто еден од најбогатите луѓе на светот постојано настапува како некој портпарол на вирусот или на вирусите.
When it comes to preventing pandemics, scientific tools alone aren’t enough. We also need new capabilities, including a global alert system and infectious disease first responders (or what I like to call a pandemic fire squad): https://t.co/53Rf5uvjub pic.twitter.com/rTmM7STl6U
— Bill Gates (@BillGates) February 1, 2021
