




Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако по три сета го совлада 35-от светски играч, Американецот Томи Пол, а по мечот на камерата напиша порака на кирилица.




Тој на сите Срби им го честиташе Савиндан.
Интересно е тоа што камерата не била свртена за да покаже што пишува.




Новак в недела во финалето ќе игра против четвртопласираниот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас.




Српскиот тенисер ќе игра за рекордна 10. титула во Мелбурн и 22. Грен слем трофеј во кариерата, со што би се израмнил со рекордерот од Шпанија, Рафаел Надал.




Циципас по вторпат ќе игра во финале на Грен слем турнир, откако во 2021 година во финалето на Ролан Гарос загуби од Ѓоковиќ во пет сета.

