Тој прави чуда и за мене и за мојата сопруга и за нашите деца




Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на Инстаграм ја сподели утринската навика која никогаш не ја пропушта ниту тој ниту неговото семејство.
„Добро утро на сите. Така, вака го започнувам мојот ден“.




” Прво земам топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ѕиркам во мојата омилена преграда во фрижидерот, каде што ги чувам зелените стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење, за да го добијам сокот од целерот “. открива Новак.




Според него, најдобриот начин да го започнете денот е да го пиете овој сок на празен стомак.




„ Овој сок е полн со минерали, сол и сè уште неоткриени елементи кои го чистат нашиот црн дроб. Тој прави чуда и за мене и за мојата сопруга и за нашите деца “, вели Новак.
