Обрнете внимание, бидејќи Романа од Босна и Херцеговина има што да ви каже. Иако на почетокот е многу комично, по овие нејзини зборови многумина сериозно ќе размислат.




Дека денес се во прашање некои различни вредности кога се во прашање машко-женските односи покажа и објавата на Романка од Босна и Херцеговина која има сериозен проблем да ја најде својата поубава половина. Своите маки ги сподели на Фејсбук и за еден ден стана вирален хит!
„Моето име е Романа. Живеам на село и правам козјо, овчо и кравјо сирење…




Но, многумина се срамат од мене, бидејќи јас чувам и молзам крави, кози и овци. Затоа што немам ни килограм пудра и шминка на мене. Немам силикони. Мртва коса и испумпана уста. Се однесуваат како да ми фали штица во главата и дека не сум јас, затоа што преку нив си ја барам младоста на село. Не знаат дека моето село е мојот живот.




Но, ако не се срамите од мене, а ви се допаѓа тоа што го работам, поддржете ме со убав коментар и споделете ја мојата објава“.
Објавата на Романа на страницата „Ljepote Zavičajne I Na Selu“ за рекордно време доби речиси 20.000 лајкови и над 3.000 коментари од луѓето кои ја поддржуваат.




„Правете го она што го сакате и уживајте во тоа. Ти си убава. Сите имаме свој животен пат, а тоа е твој и можеш само да се гордееш со него“, „Жено, ти си убавица. А рацете се вредни. Мозокот размислува паметно. Само напред. Среќна работа“, се само дел од позитивните коментари под објавата на Романа.




Да се надеваме дека овие моменти на инстант слава ѝ донесат нова среќа. Само напред, Романа!
