Никола Груевски јас постојано велам беше одличен министер за финансии, кој и да спори зошто јас застанав на конгресот зад него, од денешна дистанца се гледаат друго работите. Тој тогаш беше одличен министер, беше и конфликтен, испадна после дека повеќе работел за себе отколку за партијата ВМРО-ДПМНЕ поради фактот што тој беше сопственик на министерството за финансии, со што беше очигледно дека си плаќаше реклами само за него, а не за ВМРО-ДПМНЕ.

Едно време само тој беше позитивен во јавноста, а го фалеа медиумите на СДСМ. Тој беше фаворит на А1, си направи систем, а потоа се испотави дека сето тоа што го правел со плаќање на реклами, вели Љубчо Георгиевски во едно свое интервју „Во Центар“ кај Васко Ефтов.

Цело време го штитев Груевски. Во кавгата со Ѓорчев го штитев, во кавгата со секој министер го штитев. Тој беше многу стегнат во пуштање на финансии за проекти. Тој беше послушник на ММФ и Светска Банка. Секоја втора реченица на Влада беше дека МФФ не дава, светска банка не дава. После тоа кога дојде премиер, тој стана сосема различен од она што беше тој дури беше министер за финансии. Марјан Ѓорчев постојано инсистирање на субвенции, а политиката од министерството за финансии беше дека не се дава.

На сето ова што се зборува во емисијата ЕФтов му вели на Георгиевски дека со тоа што го правел покажувал голем демократски капацитет.

Георгиевски во интервјуто потсетува на текст кој напишал во Пулс кој со кого ќе се помирува 93-94 година каде што многу јасно се изнесуваат ставовите за блискоста на македонската и бугарската историја. И кога бев премиер немало ништо агресивно, освен едно лесно зближување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Ако демонстриравме пријателство со Бугарија, ние денеска немаше да ја имаме таа блокада која ја имаме. Сега можеме да ја платиме многу скапо како што гледам, вели Георгиевски.