Повеќето од денешните правосмукалки имаат и посебен додаток за радијатори

Имајќи предвид дека цените на енергијата растат, би било мудро да се вклучат радијаторите во неделното чистење.

Треба да ги исчистите темелно пред да го вклучите парното за прв пат во сезоната и потоа редовно да ја бришете прашината во текот на зимата, препорачува здружението на германски производители на средства за хигиена.

Доколку страдате од алергии, дополнително позитивно дејство ќе има чистењето на радијаторот. Радијаторите предизвикуваат проток на воздух, односно подигнуваат честички од нечистотија и прашина во воздухот, кои можат да завршат во респираторниот тракт или во очите.

Повеќето од денешните правосмукалки имаат и посебен додаток за радијатори. Откако ќе ја отстраните прашината, пребришете го пристапниот дел од радијаторот со вода и некое средство за чистење за сите намени, но не користете сунѓери со груба површина, бидејќи тоа може да го оштети лакот.