Левица со 40 листи и 10 кандидати за градоначалници

Со најмногу 10 кандидатури за градоначалници и 40 советнички листи ќе настапи Левица на претстојните локални избори. Апасиев смета дека Петар Георгиевски Камиказа, кандидатот за градоначалник на Скопје, зад кој стои Левица, сигурно ќе влезе во вториот круг.

Во главниот град советничката листа на Левица ќе ја предводи Хактан Реџеп Исмаил.

Георгиевски и Левица сè уште целосно не ја подготвиле програмата со која ќе бараат поддршка од гласачите, но меѓу приоритетите се реконструкција и враќање во функција на Универзална сала, повеќе велосипеди и соодветни патеки, со цел намалување на аерозагадувањето, но и повеќе пожарникари и поголеми плати за нив.

Георгиевски ветува изградба на дополнителни спортски патеки и поставување јавни тоалети на кејот на Вардар, како и нивелирање на шахтите низ градот, со цел дождовната вода бргу и лесно да истекува.

За поголеми капитални проекти ќе стане збор откако ќе види со колку пари располага градската каса.

Извор/Сител