Ми рече дека ако навистина го сакам ова дете, тогаш можеби требаше да размислам да останам дома додека партнерот оди на работа и да не чува на традиционален начин, вели младата мајка.

Ја замолив мајка ми да ми помогне со моето новороденче за да можам да се вратам на работа откако ќе ми заврши породилното отсуство. Таа одбила велејќи дека е престара за тоа и дека веќе сама си ги одгледала децата. Мајка ми има 64 години и е дома од 1992 година, сподели 29-годишната жена на Редит.

Вели дека нема шанси да живеат со една плата, особено поради долгот што веќе го отплаќаат во банка. Живеат во мал стан и тешко ќе се преселат во поголем кога детето ќе порасне и ќе има потреба од своја соба, макар и со две плати.

Откако нејзината мајка одбила да и помогне, таа се ‘омекнала’ и ѝ го предложила на ќерката следново:

– Кога ѝ го објаснив сето ова на мајка ми, таа рече дека ќе ми наплати 20 долари (околу 18 евра) за чување деца, плус такса за доцнењето со земањето на детето. Дополнително, би требало да и дадам дополнително седиште за во автомобил, количка, шишиња и речиси двојно повеќе од се што имаме дома, бидејќи таа ќе го чува бебето во својата куќа. Нема да стапне во нашиот стан, вели, од лични причини. Таа еднаш влезе, а јас живеам со мојот партнер веќе пет години – продолжи оваа млада мајка која жали што не може да се потпре на помошта од семејството.

– Се чини дека градинка е поевтина опција од плаќањето за сопствената мајка. Ако и ја плативме сумата што ја бара, ќе бевме уште повеќе во долгови. Тоа ќе доведе до уште поголем долг за мене и мојот партнер – појасни таа.

Многу луѓе, кои ја прочитаа нејзината објава на Редит, беа згрозени, но имаше и такви кои застанаа на страната на нејзината мајка.

Ова се дел од коментарите:

  • „Прости ми што бев безобразен и груб, но можеби не требаше да имаш дете ако не можеш да си дозволиш да се грижиш за тоа“.
  • „Ако вашиот план секогаш беше да се вратите на работа, требаше да разговарате за тоа со мајка ви за време на бременоста“.
  • „Бебињата се напорна работа, а мајка ти има 64 години“.
  • „Ова е страшно. Би требало да биде сосема нормално да се обратите кај баба и дедо за помош“.
  • „Твојата мајка звучи ужасно. Мајка ми никогаш не би го направила тоа, што е твое за тебе.
  • „Не е во ред мајката да се однесува така“.
  • „Тоа само покажува дека таа е јасно способна и дека има време да се грижи за вашето бебе, но таа едноставно не сака да ви помогне“, пишува The Sun.

КОЈ Е ВАШИОТ КОМЕНТАР ДАЛИ ЈА ОПРАВДУВАТЕ БАБАТА?