Лепа Брена открива детали од средбата со Баба Ванѓа и нејзините пророштва кои, како што вели, се оствариле во текот на нејзиниот живот.

Познатата пророчица Баба Ванѓа, според бројни сведоштва, предвидела многу работи кои подоцна се оствариле, а кај неа оделе и бројни познати личности за да ја дознаат својата судбина. Меѓу нив била и Лепа Брена, која во повеќе наврати јавно зборувала за средбата со Баба Ванѓа.

Пејачката отворено ги споделила деталите од нејзиното одење кај познатата бугарска пророчица, раскажувајќи необични детали кои ги изненадиле многумина. Како што раскажала, престојот кај Баба Ванѓа бил проследен со необични правила и посебни ритуали.

Според зборовите на Брена, пророчицата тогаш ѝ предвидела долг живот и успешна кариера, а ѝ кажала и дека ќе се омажи за маж кој носи бела униформа, што Брена подоцна го поврзала со Боба Живојиновиќ.

– Во 1989 година отидов во Бугарија на турнеја. Ванѓа беше под заштита на државата. Кај неа можеше да се дојде така што ќе ѝ уплатиш на државата 30 долари, а потоа ќе те стават на список за да дојдеш до неа. Тоа беа шатори, редици за да стигнеш до неа. Кај неа биле и Хитлер и многу претседатели доаѓале на пророштво. Јас се исплашив, не сум склона кон тоа. Сакам хороскоп, гледање во кафе или карти, но ова беше нешто посебно. Јас не верував во тоа – објаснила пејачката, а потоа открила што ѝ „наредила“ пророчицата да прави.

– Спиев на шеќер кај Ванѓа, бидејќи тој го впива мојот живот и мојата иднина. Не склопив око. Зедов три кесички шеќер и постојано гледав да не ми се истури. Кога дојдов, таа рече: „Ти ли си Лепа Брена?“ Мене ми се одзедоа нозете. Жената е слепа, а потоа ми кажа: „Пред пет години напишав дека ќе дојдеш“. Суштината на сето ова е што јас мислев дека сама си го креирам животот, а по неа сфатив дека сето она што го правам е мојата животна судбина и карма. Беше слепа, а видовита.

Пророчицата, според раскажувањето на Брена, точно предвидела како ќе се одвива нејзиниот живот и на деловен и на приватен план.

– Ми рече дека ќе отворам куќа, зграда и дека многу луѓе ќе работат со мене и ќе пеат – тоа е „Гранд продукција“. Ми рече: „Ќе се омажиш за маж кој носи бела униформа“ и дека ќе раѓам само машки деца, дека можам да родам десет деца и сите ќе бидат машки, никогаш нема да имам ќерка – раскажувала Брена.

Потоа пророчицата ѝ кажала следната година во септември повторно да дојде кај неа.

– Тогаш ѝ реков дека планирам да одам во пензија и дека не сакам да гледам ни