Дорис е баба, има 94 години и стана ѕвезда на Интернет.

Таа ги освојува и „ТикТок“ и „Фејсбук“, и сето тоа благодарение на исповедта во која откри како се одмаздила на својот сопруг кој ја изневерил.

Нејзиниот внук ја сними нејзината исповед, која има 13.100.000 прегледи и над 2.600.000 лајкови на Тикток, а видеото е видено неверојатни 44.000.000 пати на Фејсбук.

Баку Дорис била изневерена од нејзиниот сопруг кога била млада. Кога дознала, смислила лукав план.

– Открив дека има друга жена, па се спријателив со неа. Една ноќ, излеговме, и решив да не ја прашам ништо. За разлика од мене, таа се опијани. Кога дојде време да јаде нешто, таа беше толку пијана што главата и падна во чинијата и таа заспа. Потоа му се јавив на сопругот и и реков да дојде да ја земе својота пријателка – рекла Дорис.

Баба Дорис сподели бројни детали од својот живот на социјалните мрежи – како на пример дека има два сопруга и дека родила пет деца. По вториот развод, таа работеше на три работни места за да го издржува своето семејство.

Подоцна отворила градинка и им дозволила на родителите да платат според нивниот приход. Не земала пари од мајки со слаб финансиски статус, се грижела за нивните деца бесплатно.