Иако добро започнала, секако дека подвижната лента била преголема за оваа мачка, па таа набрзо „одлетала“ од неа.




Во денешната репортажа за најсмешните животни и нивните клипови на TikTok , апсолутно би ја издвоиле оваа мачка која ги украде срцата на корисниците на оваа социјална мрежа, а наскоро ќе ви стане јасно и зошто.




Знаете кога миленичињата гледаат нешто необично и сакаат да го истражат по секоја цена? Токму таква е ситуацијата со овие две мачки, а видеото на кое се гледа како едната стои покрај подвижната лента, а другата се храбри и скока на појасот е прегледана над 15 милиони пати.
Иако добро започнала, секако дека подвижната лента била преголема за оваа мачка, па таа набрзо „одлетала“ од неа.




Другата за тоа време само пробуваше со шепата да види за што се работи. Сепак, првата беше малку поупорна, па неколку пати скокна на лентата и, секако, неколку пати падна од неа.




И тогаш сфатила што треба да прави, па само почнала да трча на лентата за трчање и многу брзо го фатила ритамот. Видеото е лајкувано 1,3 милиони пати, а тиктокерите се воодушевени.




„Ова помина подобро отколку што очекував“, „Оваа мачка е побрза од мене“. „Оваа бела мачка, тоа сум јас“, се само дел од коментарите.
