Живеат буквално во картонска кутија. Едно собче, изградено од картон и најлон, со дупки на сите страни, каде што кога врне дожд внатре е исто како да си надвор, нема никаква разлика. Спијат во локви вода, од покуќнина немаат ништо, освен еден сунгер за спиење и по некое алиште. Немаат ниту струја, ниту вода, затоа што објектот никаде не е заведен. Ваков е животот на семејството Османоски од Прилеп. Кои кога многу врне овие есенски денови спијат по пријатели.

 

Спиеме по луѓе привремено, но до кога по луѓе ќе носам двајца инвалиди, од утре ќе падне снег, јас не можам двајцата да ги влечам на спиење. Ја молам државата да ми се помогни со овие двајца луѓе инвалиди, а и да ми помогнат со огрев и шпоре, немам ништо. Видовте како е внатре, веќе немам ни алишта да се облечам“, вели Сабрие Османоска, жител на Прилеп.
Од Центарот за социјална работа ги добиваат сите парични средства и помош кои што им следуваат. Благодарни се за тоа, но бараат социјален стан од државата или барем една соба, па макар и си плаќале кирија за неа.

Ова не можам јас веќе, и јас сум болна имам слабо срце, 2 инфаркти, не можам веќе и јас. Не можам да влечам вода, ни струја нема, ништо.

„Во затвор живееме овде, врни внатре, темница, ништо не се гледа, како под казна да сме. Врни дожд внатре, во поплава живееме. Некоја куќа ако има или стан солидарен, имам пари ќе си плаќам што треба, сѐ ќе плаќам имам доволно пари“, рече Џелин Османоски, жител на Прилеп.

Имале едно свое собче од плетари, но и тоа го продале во 2016 година и заминале во Германија да ја направат операција од тумор на главата на нивната ќерка. Од тогаш спијат каде ќе најдат, под кирија или во вакви услови како овие под секое човечко достоинство.

Секој што сака да го исконтактира семејството Османоски тоа може да го направи на тел. број: 078-623-329./Инфо Копмас